Конкурсот Тврдоглави е во чест на еден од доајените на современата македонска книжевност, Славко Јаневски (1920-2000). Има за цел да ги поттикне и промовира младите писатели на македонската книжевна сцена.
Организатори на книжевниот конкурс се Блу ИТЦС, Ротари клуб Скопје Камен мост, Принт Фактори, Исо Консалтинг, Данаи Фарм и Гастро Сервис Плус.
● На анонимниот конкурс можат да испратат по еден свој расказ автори на возраст од 16 до 25 години;
● Расказот треба да биде напишан на македонски јазик, да биде необјавен, а текстот не треба да надминува 10.000 карактери;
● Темата на расказот е слободна;
● Документот со расказот треба да биде потпишан со шифра;
● Да се испрати најдоцна до 31 декември 2022 година, на e-mail адресата konkurstvrdoglavi@gmail.com;
Наградниот фонд на конкурсот изнесува:
60.000
денари
ПРВА НАГРАДА
20.000
денари
ВТОРА НАГРАДА
10.000
денари
ТРЕТА НАГРАДА
Пристигнатите раскази ќе ги оценува тричлена комисија составена од реномирани професори, критичари и писатели.
Поради големиот број на пријавени раскази, победниците ќе се објават на 19ти Февруари, а наградите ќе бидат доделени на 26ти Февруари.